ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Одобрено барањето за активирање на лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана

t

Албанија го одобри барањето на Македонците во земјата за активирање на лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана , соопшти Никола Ѓурај.

– Историски ден за Македонците во Република Албанија, имав задоволство да информирам дека барањето поднесено од Македонското друштво “Илинден“-Тирана за повторно активирање на лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана е прифатено и во новата академска година 2023- 2024 ќе почне лекторатот по македонски јазик. Голема благодарност до Унверситотот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Меѓународниот семинар за јазик, литература и култура македонски и селокупната подршката од директорката, проф. Весна Мосова – Чепишевска. Исто време голема благодарност до Универзитетот во Тирана и деканката на Факултетот за странски јазици проф. д-р Есмералда Кромида. – напиша Ѓурај на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…