Европската перспектива е сè поизвесна
Континуираниот дијалог со претставниците на ЕУ дава добар сигнал и порака дека ова е можност да изградиме заедничка европска иднина, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по средбата со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел додавајќи дека имале отворен и значаен разговор.
Средбата се одржа пред почетокот на Бледскиот стратешки форум, на кој присуствуваат и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
За Европската Унија важна е интеграцијата на Западен Балкан и тоа останува нејзин стратешки приоритет, наша обврска е да ја искористиме позитивната атмосфера и во пресрет на европските избори да ја загарантираме нашата европска перспектива – напиша Маричиќ на неговиот Фејсбук профил.
Целта, како што додаде тој, е да продолжат преговорите со обединетост и одговорен пристап кон спроведување на реформите и задачите кои ги имаат на патот до ЕУ.
Веќе направивме напредок во евроинтеграциите и ја интензивиравме соработката со ЕУ, кои во Македонија гледаат кредибилен партнер и држава која треба да биде дел од европското семејство и силен промотор на европските вредности и регионалната соработка – додава вицепремиерот.
Маричиќ заклучи дека ЕУ перспективата е сè поизвесна и потребен е фокус на обврските за брз напредок во пристапните преговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…