(Видео) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје
Бугарскиот премиер Николај Денков вели дека неговата влада нема причина да го смени ставот кон Македонија и очекува нашата земја да ги исполни обврските преземени од францускиот предлог.
Ова Денков го истакна во интервју за „24 часа“ –потенцирајќи дека ветото било укинато со тоа што се согласиле да се спроведе францускиот предлог и дека разговорите не се помеѓу Бугарија и Македонија, туку помеѓу Македонија и ЕУ.
Запрашан дали бугарскиот став кон Македонија ќе се смени затоа што некои политичари во Скопје се надеваат дека може да се случи нов европски притисок кон Софија, Денков рече:
– Апсолутно не. Со спроведувањето на т.н Француски предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, всушност разговорот веќе не е меѓу Бугарија и Македонија, туку меѓу РСМ и ЕУ. Она што се очекува е нашите соседи да ги исполнат обврските преземени кон ЕУ. Нема причина да го смениме нашиот став – кажа Денков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…