Се распаѓа и Алтернатива: Нивен пратеник ќе формира нова партија

t

Или морам да заминам од политиката или некако да направам политичко движење“, изјави Скендер Реџепи – Зејди, кој како дел од Алтернатива го доби мандатот за пратеник, најавувајќи дека ќе формира нова политичка партија.

Тој во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека размислува на таков потег бидејќи раководството на Алтернатива не им дало можност да ја сменат партијата и дека не се гледа себеси како дел од кој било друг субјект активен во политиката.

„Имав очекувања дека ќе има промени во Алтернатива, за да можам да учествувам како член и да дадам свој придонес. Со тоа што секој што изразил незадоволство, без разлика кој бил во раководството, ја напуштал партијата дури и со одлука на Централното претседателство, вклучително и оние на тетовскиот огранок, тогаш се виде дека нема можност за промена во Алтернативата. Овие луѓе ќе ја потонат Алтернативата, но никому не ја даваат. Ќе ги земат печатите со себе, ќе ги чуваат како украс, но нема да имаат политички субјект. Тоа значи дека ќе продолжат да го прават тоа. Ова ме натера да размислувам што понатаму? Видовте и во отчетноста и средбата со граѓаните, дека има поддршка од граѓаните за моето политичко дејствување. Бидејќи не се гледам себеси во ниту еден политички субјект, бидејќи бев убеден дека треба да ја дадам мојата услуга на Алтернатива, но видов дека тоа не може да се случи. Така решив да одам со нов политички субјект, заедно со структурите што ги имаме“, рече Зејди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…