Лога: Уставниот суд да одлучи за Упатството за водење на матични книги

t

Министерот за правда Кренар Лога бара од Уставниот суд да донесе конечна одлука во врска со предметот каде е оспорена уставноста и законитоста на Упатството за водење на матичните книги, а за кој Судот претходно донесе времена мерка.

– Како министер за правда пред неколку дена се обратив до сите почитувани судии на Уставниот суд во врска со предметот каде е оспорена уставноста и законитоста на Упатството за водење на матични книги, а за кој Уставниот суд на седницата одржана на 05.07.2023 година донесе времена мерка, односно запирање на извршување на поединечни акти кои произлегуваат од конкретното Упатство, сѐ додека Уставниот суд не донесе конечна одлука во тој случај, се наведува во пишаната изјава на министерот Лога.

Тој бара од Уставниот суд да постапи согласно своите уставни надлежности и да донесе мериторна одлука, односно решение согласно веќе заземениот став од 2004.

– Од Уставниот суд за конкретниот предмет побарав да постапи согласно своите уставни надлежности и да донесе мериторна одлука ,односно решение согласно веќе заземениот став од 2004 година каде што за исто прашање Уставниот суд во тогашното Решение одлучил дека „Уставно определениот рок за објавувањето не може да се прифати дека е уставна норма со ограничувачка цел во однос на примената на прописите кои се објавени со пролонгирање на рокот и влезени во правниот поредок, бидејќи таа норма е дел од целината на уставните норми за гаранциите на слободите и правата на граѓаните на кои и во ваков случај неспорно им е обезбедено и исполнето гарантираното право на објавување, заради запознавање со законите и другите прописи во правниот поредок, наведува министерот.

Според Лога, кој очекува Уставниот суд во најкус рок да постапи согласно веќе воспоставената пракса, различната јуриспруденција на Уставниот суд за исти прашања доведува до загрозување на правната сигурност и владеење на правото како една од темелните вредности на нашиот уставен поредок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…