Ѓорѓиев: Овие момчиња денес покажаа од што се направени, огромна благодарност до публиката!
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, беше презадоволен од изданието на „спартанците“ и изрази голема благодарност до публиката во салата „Борис Трајковски“.
Нашите одбојкари славеа многу важен триумф над Данска и широко си ги отворија вратите кон осминафиналната фаза, но за тоа ќе мора да оствариме барем уште една победа. Ѓоргиев упати голема благодарност до сите присутни и ги пофали своите соиграчи.
„Овие момчиња денес покажаа од што се направени. Беше многу тешко, но радосен сум што успеавме да го отвориме Европското првенство со победа пред домашната публика. Огромна благодарност до сите навивачи и се надевам дека на следниот натпревар салата ќе биде исполнета до последното место“, рече нашиот капитен.
Македонија на „крилата“ на Ѓоргиев и Љафтов успеа да стигне до победата над ривалот од Скандинавија со 3-1 во сетови. Нашиот репрезентативен капитен прикажа спектакуларна игра, „зачинета“ со шеснаесет постигнати поени.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Голем пожар во канадска воена база:…
Вознемирувачки информации пристигнуваат од канадската провинција Алберта,…
Брвеница избира градоначалник
Жителите од десет населени места Општина Брвеница…
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…