Им посакуваме среќа на учениците: Утре започнува учебната година, ќе трае до 17 јуни, а за прв пат ќе има и пролетен распуст

t

Новата учевна година која започнува утре ќе трае до 17 јуни. Од годинава ќе има и пролетен распуст.Ова го соопшти на прес конференција денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

– Од годинава за првпат основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст и истиот ќе трае од 29 април до 5 мај. Ваков распуст се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето – рече Шаќири.

Во изминатиот период како што рече министерот, интензивно се подготвувале со училиштата и локалната самоуправа за успешен старт на учебната година.

-Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници – рече Шаќири.

Тој информира и за реконструкции и поправки на дел од училиштата.

Шаќири рече дека се работело и на подобрување на стандардот на наставниците за што веќе се преговара со СОНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…