Полицијата има „добри оперативни сознанија“ за лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ во Тетово
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата има прибрано добри оперативни сознанија во врска со лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ во Тетово за време на пречекот на косовскиот премиер, Алнин Курти. Како што посочи, одредени лица веќе се таргетирани и за неколку дена ќе го имаат идентитетот на лицето.
Спасовски потенцираше дека се вршат детални испитувања и кога ќе дојде моментот медиумите ќе ги добијат информациите.
-Имаме прибрано добри оперативни сознанија. Имаме неколку лица кои се таргетирани. Се вршат детални испитувања во овој момент и јас мислам дека за неколку дена веќе ќе го имаме идентитетот на лицето. Кога ќе дојде моментот, ќе ги добиете сите информации. Истрагите не се водат преку медиумите. Тие се водат преку институциите, изјави денеска Спасовски по означувањето на почеток на превентивната кампања на МВР „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот” во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито”, во одговор на новинарско прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…