Легендарниот Шаби: За само 500 денари сите може да ме гледаат во живо…, ако не..
Македонската одбојкарска репрезентација запиша победа против Данска од 3-1 на стартот на Европското првенство кое се игра во Скопје. Победа која го отвора патот и амбициите за првпат во својата историја да дојде до осминафинале на едно европско првенство.
По мечот, како и секогаш, еден од најрасположените за разговор Дарко Ангеловски – Шаби кој ја повика целокупната македонската јавност на следните натпревари во што поголем број да дадат поддршка на репрезентативците.
„Денеска имавме навистина симпатична поддршка од нашите навивачи кои не понесоа до победата. Лично сум многу задоволен што му фатив неколку топки на тој ‘индијанецот’ нивни, но мора да кажам дека ја дадовме цела душа на терен за дојдеме до победата. Сепак, ова мора веднаш да го заборавиме затоа што мора да се насочиме против Црна Гора, натпревар кој исто така ќе биде тежок. Денеска против Данска беше убаво, но ги повикувам сите македонски навивачи да дојдат и да не поддржат во што поголем број. Ги повикувам сите за само 500 денари (ефтино) да дојдат и да ме гледаат во живо. Ако пак не сакаат нека ме гледаат и нека не поддржуваат на ТВ, бесплатно“ – вели легендарниот Шаби.
Извор: ekipa.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…