Богдановиќ: Одиграв најглупаво во кариерата – ја изгубив главата!

t

Кошаркарската репрезентација на Србија во трилер-меч на стартот од втората фаза на Мундобаскетот, беше поразена од Италија (76-78) во меч во кој имаа шут за победа и предност од 16 поени.

Капитенот Богдан Богдановиќ постигна најмногу поени со 18, но имаше очаен шут за три поени (1/13).

„Ја одиграв најглупавата партија во кариерата и шутирав премногу за три поени, а требаше повеќе да го напаѓам противничкиот кош. Што да правам, ја изгубив главата и го искористија тоа. Се вратија по нашите 16 разлика, малку паднавме и тие го искористија тоа и нѐ добија на искуство“, изјави Богдановиќ.

Капитенот на српската репрезентација, сепак, не ја загуби вербата во својата селекција.

„Уште не сме испаднати, а сега не знам што ќе се случува, со која разлика треба да победиме за да бидеме први и да продолжиме понатаму. Како и да е, ќе се бориме до крај“, изјави Богдановиќ. .

Србите последниот меч од групната фаза ќе го одиграат задутре против Доминиканска република.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Голем пожар во канадска воена база:…

Вознемирувачки информации пристигнуваат од канадската провинција Алберта,…

Брвеница избира градоначалник

Жителите од десет населени места Општина Брвеница…

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…