Србија прокоцка плус 16 и загуби од Италија на СП
Кошаркарите на Србија го претрпеа првиот пораз на Светското првенство (СП) во Јапонија, Филипини и Индонезија, откако претпладнево загубија во пресметката против Италија (76-78) на стартот од втората фаза на шампионатот.
Србите играа одлично до средината на третиот период, кога со серија 25-4 дојдоа до највисоките на мечот плус 16 (60-44). Тогаш делуваше дека избраниците на селекторот Светислав Пешиќ ќе се реваншираат за поразот од Италијанците на ланскиот Евробаскет, но до тоа не дојде. Нашиот северен сосед одеднаш престана да игра, а „аѕурите“ погодуваа од речиси секоја позиција, по што вратија со идентична серија 25-4 и на стартот од последниот период повторно поведоа со солидни плус пет (69-64). Италија до крајот мудро ја задржа предноста, додека српските кошаркари на крајот имаа шут за победа од десет метри, но тој беше непрецизен.
Симоне Фонтекио со 30 поени и седум скока беше најзаслужен за третиот триумф во низа на Италијанците против Србија, од кои освен на ЕП 2022 беа подобри и пред неколку недели во пријателски меч. Бојан Богдановиќ со 18 поени беше најпрецизен кај Србите, но со напомена дека имаше очаен шут за тројка (1/13).
Италија и Србија сега се изедначени со 3-1 на врвот од табелата, поради што Србите сега имаат императив да мора да ја совладаат Доминиканска република во задутрешната последна пресметка пред стартот на нокаут-фазата.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вирусот на западнонилска треска се шири во…
Првите три случаи на западнонилска треска оваа…
Шокантна изјава на Бен-Гвир: „Убивајте по 30…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
„Поло“ запрено кај Струмица, возачот предал марихуана…
На магистралниот пат Струмица–Радовиш, полициски службеници од…
(Видео) Стотици туристи во опасност, започната е…
Две лица загинаа во пожар што избувна…
Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани…
Центарот за управување со кризи попладнево информира…