Осудени командирот и тројцата полицајци инволвирани во филмското бегство од Идризово!
Три години затворска казна му е пресудена денеска на полицискиот командир Срѓан Димитриевски за бегството од затвор на Беким Мемети, осуден на над 20 години затвор.
На три години е осуден и затворскиот полицаец Трајче Ацковски, полицаецот И.А. кој учествувал во планот за бегство, добил казна затвор од 1 година и шест месеци. За вработениот во КПУ „Идризово“, Т.П. пресудено е условна казна. И командирот и тројцата полицајци од КПУ „Идризово“ признаа вина.
Планот за бегството на Мемети започнал ноќта на 12 јануари годинава, кога осуденикот си ја расекол раката и пријавил повреда. Тогаш се вклучил командирот во КПД Идризово, Димитријевски кој издава наредба осуденикот да се пренесе на Клинички.
Мемети за време на транспортот во комбето на затворската полиција го одзел пиштолот на затворскиот чувар и го ранил со неговото службено оружје. Во близина на инцидентот го чекал друг автомобил со кој избегал.
Мемети беше осуден на повеќе од 20 години затвор за убиство и други кривични дела. Убиството било извршено во 2016-та година во тетовска Мала Речица. Тој првично бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година бил уапсен во Берлин во Германија по што бил екстрадиран, по што му била повторена постапката и повторно бил осуден на долгогодишна затворска казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Излета низ прозор и се спушти по…
Синот на Цеца, Велјко Ражнатовиќ, избегал од…
Затвореници од „Идризово“ барале стотици евра од…
На 24.05.2025 СВР Струмица до Основното јавно…
На 37 обвинети за „Адитиви“ ќе им…
Кривичниот суд го закажа судењето за случајот…
Фатен бегалец од „Идризово“
Полицијата фати бегалец од затворот „Идризово“, информираа…
Се степале затвореници во Идризово
На 05.03.2025 во 15.40 часот во СВР…