Драма во Црна Гора: Едно лице е убиено, двајца се уапсени по престрелка во Никшиќ
Во престрелката што се случила рано утринава околу 3:40 часот во Никшиќ, убиен е Р. П. (31) од Никшиќ. Црногорската полиција уапси две лица.
Лишен е слободата на Р. Р. (23) од Никшиќ поради сомнение дека сторил кривично дело убиство, додека В. Р. (31) од Никшиќ лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непријавување на кривичното дело и сторителот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
Како што се наведува, утрово околу 03:40 часот во Медицинскиот центар во Никшиќ за укажување лекарска помош бил донесен Р. П. (31) од Никшиќ со прострелни рани, без знаци на живот.
Осомничените и се веќе познати на полицијата – Р. Р. е евидентиран како сторител на злоупотреба на дрога, додека В. Р. евидентиран како сторител на насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Обвинение за бруталното убиство во Кавадарци: Ја…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
Продолжува судењето за убиствата на Вања и…
Денеска во Кривичен суд треба да продолжи…
Ѝ пукале во глава додека клечела –…
Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…