БРАВО: Одбојкарите ја суредија и Црна Гора!!

t

Македонската одбојкарска репрезентација одигра фантастична партија против селекцијата на Црна Гора, победивме со 3-0 (25-22, 25-18, 25-20). Овие две победи на стартот од Европското првенство треба да бидат доволни за пласман во осминафиналето.

Македонија блеска на стартот од Европското првенство на кое групната фаза ја играме во Скопје. Избраниците на Јошко Миленковски денеска изгледаа перфектно, имавме страшен блок, направивме минимален број на грешки, бевме одлични во нападот и заслужено дојдовме до убедлив триумф.

Првиот сет го започнавме лошо, Црна Гора дојде до предност од 5-1, но по тајмаутот кој го побара Миленковски работите тргнаа во наша полза. Направивме серија од 4-0, изедначивме на 5-5. А кратко потоа го земавме водството кое не го пуштивме до крајот на сетот кој го добивме со 25-22 за водство од 1-0.

Црногорците подобро отворија и во вториот сет, неколкупати имаа водство од три поени на почетокот, но приказната и во овој сет беше иста. Македонија со уште поубедлива игра го доби сетот со 25-18 и поведе со 2-0 во сетови.

Веќе беше јасно кој ќе го добие мечот, бевме доминантни и во третиот сет, го имавме резултатот под контрола, го добивме сетот со 25-20 и дојдовме до голема победа од 3-0.

Брилијантен меч имаше Филип Савовски кој имаше дури девет блока, мечот го заврши со 12 поени. Најефикасен беше Никола Ѓорѓиев со 20 поени, Љафтов имаше 13.

Победите над Данска и Црна Гора треба да бидат доволни за пласман во осминафиналето, теоретски таму не сме уште, но треба да се случи чудо за не го направиме тој историски успех.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…