Добро утро со Инфомакс: Да не чекаме помош од Бугарија, чија влада има чисто завојувачки намери кон Македонија

t

Македонскиот револуционер Гоце Делчев, срцето на Македонската револуционерна организација, можеби во јавноста веќе не е толку актуелна тема, меѓутоа е корисно да се потсетуваме на неговите зборови.

Во изданието „Гоце Делчев“ од Христо Андонов-Полјански, Истарска наклада, објавено во Пула, 1985 година има наведено цитати од македонскиот револуционер каде Делчев зборува за конфронтациите со бугарските власти.

Добро утро Македонци, во продолжение обраќањето на Делчев до Иван Анастасов-Грчето, 1900 година:

„Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која и да било друга сила, туку треба да се подготвиме однатре – во душата секој селанец да се проникне под таа идеја, сè да се подготви и тогаш да се крене масовно востание. Дотогаш никој однадвор да не се меша во нашата работа.”

„Бугарската влада, којашто има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја исползува со таа „помош“ создадената состојба на работите внатре; таа нема да се задоволи со некакви платонски чувства, туку ќе сака реални привилегии… Повторувам, ударот ќе биде страшен!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…

Дијалогот што во моментов се води во…