Сообраќајна несреќа кај Пепелиште: Возило излетало од патот
Синоќа (02.09.2023) во 21.17 часот на единствениот европски број за итни повици 112 во ЦУК е добиен автоматски повик од Ајфон 14 од телефонски број од Србија, кој содржел известување на англиски јазик дека корисникот на телефонот доживеал сообраќајна несреќа , не е контактибилен вклучително и аудио координати на местото на кое се случила несреќата, информираат од ЦУК.
Операторот на 112 во ЦУК итно го известил дежурниот центар во МВР давајќи ги координатите на несреќата. Веднаш потоа била испратена полициска патрола која врз основа на добиените координати неколку минути подоцна го пронашла возилото кое било излетано надвор од регионалниот пат Неготино – Штип пред с. Пепелиште, непосредно пред мостот на Вардар.
Возачот и патниците во возилото не биле повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…