Бабовски: Да не се манипулира дека ќе поскапи свинското месо!
Нема да се појави недостаток на свинско месо во земјава, по појавата на афринската чума на најголемата фарма во Општина Карбинци, во којашто треба да се уништат 9.000 свињи, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.
Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на ИПАРД 3 Програмата, Бабовски рече дека со уништувањето на овие животни во оваа фирма, македонскиот пазар ќе го изгуби само вишокот на свинско месо што се користел во преработувачката индустрија.
-Се е под контрола и не треба да се шрави политиканство. Нема потреба да се манипулира дека по овој случај на африканска чума ќе се зголеми цената на свинското месо. ќе се осити можеби мал недостаок. Нашите производители на свинско месо ги задоволуваа потребите и имаше еден вишок кој одеше во преработувачката индустрија,. е сега тој вишок ќе го изгубиме, рече Бабовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Благ пораст на цените на храната на…
Цените на храната благо пораснаа во април,…
Законот за нефер трговски практики да важи…
Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…
Николовски: За една година се регистрирани нови 2.508…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо…
Замрзнатите цени на храната продолжени до 29…
Од Владата информираат дека на денешната владина…
Сите кои моментно се наоѓаат кај Беровско…
ЦУК: Вонредна информација за сите лица кои…