Ѓоковиќ рутински против хрватскиот квалификант, во четвртфиналето оди на Фриц!
По драматичниот меч во пет сета против Ласло Ѓере во минатото коло, Новак Ѓоковиќ имаше помирна ноќ во осминафиналето од Ју-Ес опен, совладувајќи го Борна Гојо од Хрватска со 6-2, 7-5, 6-4. Во четвртфиналето ќе игра против Тејлор Фриц, кој е еден од тројцата Американци во друштвото најдобри осум. Такво нешто не им се случило на домаќините на Ју-Ес опен уште од 2005 година.
Два и пол часа траеше мечот на „Артур Еш“ во раните утрински часови по централно-европско време, а 25-годишниот квалификант од Сплит најголем отпор пружи во вториот сет.
„Го гледав Борна и видов дека има силни удари, дека форхендот и сервисот му се оружја. Добро се движи за својата конституција. Клучот беше да му го намалам бројот на асови и сервис-винери, тоа да го исконтролирам. Јас се фокусирав на прецизноста во мојот сервис, помалку на силата. Среќен сум што поминав во три сета“, истакна Ѓоковиќ по мечот.
Следен ривал ќе му биде Тејлор Фриц, деветтиот носител, кој исто така мина три сета и нешто над два часа против Доминик Стрикер од Швајцарија, триумфирајќи со 7-6, 6, 4, 6-4. Во четвртфиналето ќе се обиде да мрдне од нула во скорот на дуелите со Ѓоковиќ, кој во моментов изнесува 0-7.
Четвртфиналисти станаа и десеттиот рекет, Френсис Тијафо, како и Бен Шелтон, па ќе вкрстат меѓу себе во следниот круг. Шелтон направи мало изненадување, елиминирајќи го 14-то рангираниот Томи Пол, исто така од САД, со 6-4, 6-3, 4-6, 6-4.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вирусот на западнонилска треска се шири во…
Првите три случаи на западнонилска треска оваа…
Шокантна изјава на Бен-Гвир: „Убивајте по 30…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
„Поло“ запрено кај Струмица, возачот предал марихуана…
На магистралниот пат Струмица–Радовиш, полициски службеници од…
(Видео) Стотици туристи во опасност, започната е…
Две лица загинаа во пожар што избувна…
Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани…
Центарот за управување со кризи попладнево информира…