Бауер: Македонија постигна импресивно ниво на воена интеграција во НАТО!

t

Од влезот во НАТО, Македонија презеде важни чекори за спроведување на своите одбранбени реформи, изјави  на денешната  прес-конференција претседавачот со Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, кој е во посета на Македонија.

Адмиралот Бауер на заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски посочи дека покрај придонесите што нашата држава ги дава на Алијансата, како што е поддршка за борбените групи во Бугарија, Латвија и Романија и на Косово, трупите на Македонија служат под знамето на НАТО во мировна мисија.

-Вие придонесувате и во силите за одговор на НАТО кои ја гарантираат безбедноста и одбраната на сите сојузници. Од влезот во НАТО Македонија презеде важни чекори за спроведување на своите одбранбени реформи. За три години постигнавте импресивно ниво на воена интеграција во НАТО адаптирајќи ги вашите структури и сили на потребите и барањата на НАТО и ја зголемивте вашата имперабилност, рече Бауер.

Петровска на прес-конференцијата потсети дека Македонија заедно со сојузниците во Вилнус ја реафирмираше определбата за вложување на најмалку два проценти од бруто-домашниот производ во одбраната и тоа, како што рече, целосно е реализирано.

– Македонија е столб на регионалната безбедност. Ќе продолжиме да придонесуваме со свои сили во мисијата на НАТО на Косово, затоа што сме убедени дека регионалната безбедност и стабилност мора да биде пред се и над се. Само така можеме да создадеме регион кој е просперитетен и кој ќе продолжи да живее во мир и демократија, рече Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…