Осминафинале имаме, денеска ја почнуваме мисијата за избегнување на Италија

t

По еден ден пауза, македонските одбојкари се враќаат на теренот, денеска од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ играме против Холандија. Противникот е силен, но нашите момци веруваат дека можат да се надигруваат со лалињата.

Вчерашната победа на Чешка со 3-0 над Црна Гора ни го донесе пласманот во осминафиналето откако ние претходно со триумфи над Данците и Црногорците го завршивме главниот дел од работата.

Сега откако го заверивме четвртото место, избраниците на Јошко Миленковски си поставија нова цел, да дојдат до уште некоја победа во групата за да завршиме позиција погоре со што би ја избегнале Италија во Бари.

Ни останаа Холандија и Чешка. Победа над Чесите е многу пореална варијанта, но нашите одбојкари веруваат дека можат да се носат и со лалињата кои во последните години се во подем и целат кој враќање на старата слава.

Холандија во своите редови го има Нимир Абдул-Азиз кој според многумина е најдобриот светски коректор на денешницата. Но, тоа не е репрезентација од калибарот на Полска, синоќа загубија сет од Данска, што покажува дека можеме да се надигруваме со нив.

За да им бидеме конкурентни на Данците и да се надеваме на изненадување, денеска бодрени од навивачите во „Борис Трајковски“ македонските одбојкари треба да го одиграат најдобриот меч досега на Европското првенство.

Целта е остварена, апетитите пораснаа, сега ги почнуваме битките за нови историски достигнувања.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…