Естонија ја поддржува Македонија за членство во ЕУ

t

Поддршката на Естонија за Македонија на патот кон Европската Унија е важен знак на солидарност и соработка меѓу земјите од Западен Балкан и другите европски земји, смета министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Тој е во службена посета во Естонија, во рамките на Дигиталниот самит во Талин (Talinn Digital Summit), каде секоја година се собираат лидери од целиот свет, за размена на перспективи и создавање идеи за тековните и идните предизвици.

Како што соопштија вечерва од МИОА, Алиу заедно со премиерот Димитар Ковачевски, се сретнал со премиерката на Естонија, Каја Калас.

Министерот изјавил дека Естонија продолжува да ја поддржува Македонија за членство во ЕУ.

Со премиерката Калас разговаравме за многу добрите односи, унапредувањето на соработката на различни области, со посебен акцент на дигиталното управување и ставовите на двете влади кон развојот и безбедноста на европскиот континент. Поддршката на Естонија за Македонија на патот кон Европската Унија е важен знак на солидарност и соработка меѓу земјите од Западен Балкан и другите европски земји. Оваа поддршка е многу важна во евроинтеграцискиот процес на нашата земја, истакнува Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…