Македонски државјанин се наоѓа во поплавено подрачје во Грција, но е безбеден
Еден македонски државјанијн се наоѓа во Волос во Грција, и тој е на безбедно во локален хотел, соопшти Министерството за надворешни работи, откако деновиве повеќе туристички места во Грција се поплавени од големо невреме.
-Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со денес еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел. Апелираме, сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја и да останат на сигурно се до евентуална евакуација, соопшти МНР.
Според досегашните информации во поплавите што ја зафатија Грција има починати се двајца, а МНР изрази сочувство до семејствата на загинатите.
-Информираме дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел пружање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја. На располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410, соопшти МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подготвува ли „црна листа“ на гости…
Додека туристите со години ги оценуваат хотелите,…
(Видео) Трагедија во Грција: Брачна двојка на…
Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар…
Шумски пожар се шири на грчки остров…
Грчките пожарникари и денеска, втор ден по…
Силна бура зафати дел од Шпанија —…
Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…
Куќите ни изгореа, нашите домови ги нема…
Драматични сцени се одвиваат на Халкидики, каде…