ЕУ е културна суперсила, вели Маричиќ
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ја отвори трибината „ЕУ за македонското културно наследство“, на која рече дека ние сме во срцето на Европа и сме неразделив дел од европскиот идентитет, на кој се гордее цела Европа, укажувајќи дека Европската Унија е културна суперсила, а македонската култура учествува и е дел во тој процес со свој придонес.
– Европската Унија ги отфрли концептите за судир на цивилизации и се посвети на изградбата и негувањето на – сојуз на цивилизации. Во еден таков контекст, од витално значење за Македонија е да ги промовираме нашиот македонски културен идентитет, нашето културно наследство и вредности, а Европската Унија е вистинското место за тоа, изјави Маричиќ.
Маричиќ кажа дека благодарение на основните европски вредности за еднаквост и почитување на другиот, Европската Унија ги чува милениумските традиции на сите народи и заедници на континентот и дека потребата за негувањето на културата на мирот најдобро ја има искажано Жан Моне цитирајќи го: „Ние не федерализираме држави, ние ги обединуваме луѓето“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…