Србија е во големото финале: Паднаа и sвездите на Канада!
Селекцијата на Србија ќе игра за златниот медал на Светското првенство (СП) во Јапонија, Филипини и Индонезија, откако во денешното прво полуфинале во Манила им одржа лекција на ѕвездите од Канада (95-86), со фантастична игра што ја постави „старецот“ Светислав Пешиќ, особено во одбраната.
Нашиот северен сосед апсолутно заслужено дојде до финалето, покажувајќи дека без разлика на многуте отсустни кошаркари, сепак, на располагање има адекватни замени, кои го оставија срцето на паркетот против репрезентацијата која покажа можеби најмногу досега на Мундобаскетот. Српскиот триумф е апсолутно заслужен, со оглед на константното водство во речиси целиот меч и тоа најчесто со двоцифрена разлика во клучните моменти од второто полувреме.
Бодан Богдановиќ повторно одигра докторски, беше вистински лидер и најефикасен со 23 поени, додека веднаш зад него беа Никола Милутинов со 16 поени и 10 скока и Огњен Добриќ со 16 поени. Ар-Џек Берет со 23 поени беше најпрецизен кај Канада.
Србија за епитетот светски првак ќе се бори со подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу САД и Германија (14.30 часот).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…