Објавено на:

Блинкен со честитка за независноста: САД ја поддржуваат Македонија во правењето реформи за членство во ЕУ

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во посебна честитка упатена до макеоднскиот народ ја честита 32-годишнината од независноста на Македонија.

– Во име на Соединетите Американски Држави, им честитам на народот на Македонија на прославата на 32 години од независноста.

Соединетите Американски Држави ја поддржуваат Македонија во правењето реформи за интегрирање во Европската унија и воспоставување уште посилни односи со соседните европски земји.

Македонија направи големи чекори за да обезбеди просперитет на сите нејзини граѓани додека се соочува со глобалните предизвици, а ние стоиме со вас во вашите напори да го промовирате владеењето на правото. Со нетрпение очекуваме да го зајакнеме нашето партнерство со Македонија и да ги унапредиме нашите заеднички демократски вредности во годините што доаѓаат. – напиша Блинкен во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…