Објавено на:

НАТО го осуди рускиот план за одржување избори во окупираните региони

t

НАТО изрази осуда за Русија поради најавата за одржување избори во окупираните региони на Украина.

„Овие избори се фарса, нелегитимни и уште едно кршење на меѓународното право“, напиша портпаролот на НАТО Дилан Вајт на социјалната мрежа Х.

Тој повтори дека НАТО ја поддржува Украина и ќе продолжи да го прави тоа.

Претходно, САД и Германија, исто така, ги осудија планираните локални избори во источна Украина во региони под контрола на руските сили.

Руските власти најавија одржување на локални избори следниот викенд во регионите Доњецк, Луганск, Крим и делови од Херсон и Запорожје.

Западните земји ја обвинуваат Русија дека се обидува да ја легитимизира анексијата на украинската територија со одржување избори на окупираните територии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…