(Видео) Катастрофален земјотрес во Мароко, околу 300 лица загинаа!
Министерството за внатрешни работи на Мароко утринава соопшти дека најмалку 296 лица загинале во провинциите во близина на епицентарот на земјотресот.
Соопштено е дека најмногу штети и смртни случаи има во тешко достапните планински области, а најмалку 153 лица се повредени и пренесени на лекување во болници.
Земјотресот бил со прелиминарна јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот се случи во планинскиот венец Висок Атлас во Мароко, нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со прелиминарна јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, а потресите траеле неколку секунди.
Американската агенција извести за последователен потрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала 19 минути подоцна.
Епицентарот на земјотресот во петокот бил во близина на градот Игил во провинцијата Ал Хоуз, на околу 70 километри јужно од Маракеш.
УСГС соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 18 километри под површината на Земјата, додека сеизмичката агенција на Мароко проценила дека епицентарот бил на длабочина од 8 километри. Во двата случаи, ваквите плитки земјотреси се поопасни.
Локалните медиуми објавија дека патиштата што водат до планинскиот регион околу епицентарот на земјотресот се заглавени со возила и блокирани од урнати карпи, што ги забавува спасувачките напори.
Според државната телевизија Ал Аула, земјотресот оштетил делови од историските ѕидини на Маракеш од 12 век.
Илјадници луѓе ги напуштија своите домови и станбени згради откако Националниот институт за геофизика во земјата предупреди за последователни потреси.
Министерството за внатрешни работи на Мароко денеска го повика населението да остане смирено и „да не паничи“.
Во обраќањето за државните медиуми, Рашид Ал-Калфи, претставник на Министерството, рече дека владата веќе ги активирала сите расположливи ресурси за да ги санира последиците од оваа трагедија.
Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Рабат, на околу 350 километри северно од планинскиот венец Висок Атлас, и до Португалија и Алжир, соопштија португалските и алжирските агенции за итни случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според…
Земјотрес во Србија!
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според…
Земјотрес утрово ја стресе Албанија
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…
Земјотрес од 6 степени ја погоди Кина,…
Во разорниот земјотрес што денеска ја погоди…
Нови детали за корупцискиот скандал во Европскиот…
Мароканскиот амбасадор во Полска е обвинет за…