Објавено на:

(Фото) Украинците го запленија најмодерниот руски тенк, па се пофалија со фотографии

t

Украинците запленија уште еден руски тенк Т-90М „Пробој“ (Прорыв). Тоа е трет таков што се најде во рацете на Украинците од почетокот на инвазијата

Тој руски тенк, инаку најмодерниот што Москва докажа дека го испратила на бојното поле (Т-14 Армата всушност никогаш не бил веродостојно снимен на фронтот), беше запленет од украинската армија во регионот Запорожје, објави Јуриј Мисјагин.

Т-90М „Пробој“ има мотор од 1130 коњски сили и може да достигне брзина до 70 km/h на пат или 50 km/h на нерамен терен. Со полн резервоар може да помине околу 550 километри.

Тенкот е вооружен со топ од 125 мм со дострел поголем од три километри. Покрај тоа, Т-90М е опремен со митралези од 7,62 мм и 12,7 мм.

Патем, првиот таков тенк беше заробен од Украинците уште во септември 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

„Вашингтон пост“: Русија демонстрира воена и економска…

И покрај очекувањата на Западот, Русија успеа…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Фински функционер открива: Какво е расположението за…

Идејата за испраќање трупи за поддршка во…