Протести во Холандија против индустриското загадување

t

Холандската полиција употреби водени топови на забранетиот протест на активистите од Бунт против изумирањето (Extinction Rebellion), кои го блокираа автопатот А12 во близина на Хаг.

Групата најави дека ова е почеток на секојдневни протести и „постојана“ блокада.

Активистите од Бунт против изумирањето, Гринпис (Greenpeace) и други еколошки организации ја пробија полициската бариера и седнаа на автопатот 112. Тие предупредија дека таму ќе останат сè додека не се укинат државните субвенции од милијарди евра дадени на индустриите кои користат нафта, јаглен и гас.

Тие предупредија дека екстремните температури измерени летово ширум светот се симбол на иднината доколку не се елиминира употребата на фосилни горива.

Во извештајот објавен на 4 септември се наведува дека холандската Влада троши 37,5 милијарди евра годишно за субвенции за индустрии кои користат фосилни горива, особено бродоградилиштата.

Холандскиот министер за клима и енергија, Роб Јетен, призна дека земјата мора да ги прекине субвенциите, но не понуди краен рок.

Извештајот ги повикува пратениците да почнат постепено да ги укинуваат субвенциите уште пред холандските избори што се закажани на 22 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…