НОЛЕ Е КРАЛ: Супериорно го освои и УС Опен!!
Новак Ѓоковиќ супериорно го освои својот 24. гранд слем во кариерата, откако во финалето во Њујорк во три сета, беше убедлив против Русинот Медведев со 6-3, 7-6 (7-5) и 6-3.
Само во вториот сет најдобриот тенисер на сите времиња имаше (по)голема мака да го потчини Медведев, откако се играше гем за гем, со неверојатни пресврти и долги поени. Вториот период траеше речиси неверојатни 90 минути.
Иако во тајбрејкот двапати беше во негатива, Ноле ја искористи единствената сет топка и најави уште една голема победа.
Првиот и третиот сет личеа еден на друг, но во последниот дел од мечот, се виде дека Медведев психички падна, особено откако по загубениот втор сет побара медицинска помош поради болки во рамото.
Ова беше четврти УС Опен кој го освои Новак, а со вкупно 24 грен слема, покажа и докажа дека е најдобриот на сите времиња.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…