Објавено на:

Харис: Средбата меѓу Путин и Јонг-Ун е знак на очај на Русија

t

Американската потпретседателка Камала Харис изјави дека потенцијалната средба меѓу севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун и рускиот претседател Владимир Путин би била „огромна грешка“ за Северна Кореја и „чин на очај“ за Русија.

Таа изрази цврсто уверување дека средбата дополнително ќе ги изолира и Русија и Северна Кореја.

– Кога размислуваме за руската агресија во Украина … Тоа е апсолутно прекршување на еден од најважните договори што ги имаме ширум светот во однос на меѓународните правила и норми, а тоа е важноста на суверенитетот и територијалниот интегритет, рече Харис во интервју за Си-Би-Ес.

Американски официјален претставник минатата недела изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун планира да ја посети Русија овој месец за да се сретне со Путин.

Состанокот би бил прва средба на Ким со странски лидер откако Северна Кореја ги затвори своите граници во јануари 2020 година поради коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…

Канцеларијата за контрола на странски средства при…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…