Спасовски најави покачена плата на полицијата, ќе добијат и регрес од 10.000 денари
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска објави дека според договорот сите вработени во МВР во октомври ќе ја добијат ветената покачена плата за 10%.
Исто така до крајот на годината ќе добијат и регрес за годишен одмор во изност од 10.000 денари.
Низ дијалог до решенија во интерес на членовите на МПС, но и на сите вработени во МВР: На 1 октомври ќе имате плата зголемена за 10% за сите вработени во МВР и до крајот на годината регрес за годишен одмор од 10.000 денари за секој полициски службеник, напиша Спасовски на социјалните мрежи.
Ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид минатогодишното зголемување од 5 проценти за сите вработени, а претходно преку Буџетот на МВР во 2018 и 2019 година издејствувано е зголемувања на платите за сите вработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…
Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…
Утрово во 03:00 часот во кругот на…