Двајца Македонци уапсени во Грција
Осум златни прачки, накит и сума од 15.000 евра открила грчката полицијата кај четворица странци кои биле уапсени во Солун.
Станува збор за двајца Срби на возраст 37 години и двајца државјани на Македонија (72 и 36 години), против кои е поднесена кривична пријава за прифажање и располагање со приноси од казниво дело, бидејќи не можеле да го оправдаат нивното легално поседување.
Горенаведените вредни предмети биле лоцирани во два автомобили, во кои се возеле со странски регистарски таблички.
Полициски екипи на велосипеди ги запреле возилата за проверка во кругот на Старата железничка станица во Солун, а потоа биле спроведени во Подирекцијата за борба против организиран криминал во Солун, каде што биле уапсени.
Во тек се увиди за да се утврди потеклото на златните прачки и накитот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Историски момент: Грција добива астронаут во Вселената
Човекот кој треба да стане првиот грчки…
Грчки остров ќе им дава по 3.000…
Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…
Гркинка на 54 години роди девојче од…
Гркинка сред шестото десетлетие од својот живот…
Километарски колони на „Евзони“ за влез во…
Километарски колони возила со часови чекаат за…
Мицотакис за Македонија: „Нема суштински напредок во…
Мицотакис за Македонија испрати директна порака во…