И денес дипломатска офанзива за уставни измени: Во Скопје е Михаел Рот
Откако веројатно специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, не успеа да ја убеди опозицијата за уставни измени, веднаш по него во Скопје доаѓа претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот и поранешен државен министер на Германија за Европа Михаел Рот.
Според најавите оваа посета е дел од од меѓународните дипломатски напори за отворање на европскиот пат на Македонија и спроведување на уставните измени како услов за напредок кон ЕУ.
Рот во 16:15 часот ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
После средбата, во 16:45 министерот Османи ќе има заедничка прес конференција со Рот.
Според агендата, Рот ќе има средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со претставници на Владата и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Предвидено е да учествува на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“ на кој се поканети парламентарци и претставници на стручните служби на парламентите на земјите од Западен Балкан, германскиот Бундестаг и Европскиот парламент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата бара итно мислење од Венециската комисија…
Владата на денешната седница ја усвои потребата…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Според локалните медиуми, кривичната постапка под број…
„УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА ЗГАСНАТ?“ –…
„До кога ќе ни се повторуваат трагедии…
Сејф сити“ ќе ја покрие цела Македонија
Министри, директори и црковни лица – никој…
Кина собори економски рекорд: Трговскиот суфицит надмина…
Кинескиот трговски суфицит достигна 1,04 трилиони долари…