Битиќи: НУ Џез оркестар доби од Владата над 11 милиони и 700 илјади денари

t

Денес заедно со Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, сме овде да соопштиме една исклучително радосна вест за новоформираната Национална установа Џез оркестар, која освен што доби трајна адреса од страна на Владата во Националната опера и балет, добива и финансиски средства за соодветно реновирање на просториите, соопшти на прес конференција вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Новиот дом на џезерите, „Куќата на џезерите“ доби од Владата над 11 милиони и 700 илјади денари од кои 10 милиони се средства од ТАВ програмата. Со ова, создаваме модерен амбиент каде оркестарот ќе може непречено да создава џез музика, со што Македонија ќе ја постави на мапата на земји кои институционално го негуваат овој стил на музика, посочи Битиќи.

Според него, се работи за финансиски средства од ТАВ програмата, поточно за позитивната разлика од околу 30 милиони денари помеѓу проектираната и изведбената цена од веќе изведените инфраструктурни проекти низ општините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата бара итно мислење од Венециската комисија…

Владата на денешната седница ја усвои потребата…

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Според локалните медиуми, кривичната постапка под број…

„УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА ЗГАСНАТ?“ –…

„До кога ќе ни се повторуваат трагедии…

Сејф сити“ ќе ја покрие цела Македонија

Министри, директори и црковни лица – никој…

Кина собори економски рекорд: Трговскиот суфицит надмина…

Кинескиот трговски суфицит достигна 1,04 трилиони долари…