Блогер од Порторико: Македонија има најубаво знаме и добри луѓе, уживав во архитектурата, црквите, природата и вкусниот ајвар

t

Луис е младо момче од Порторико, машински инженер по професија кој пред неколку години решава да ја напушти техничката кариера и да стане блогер. По две години работа за „Наса“, решава да почне да ја живее неговата лична пасија – патувањето и своите патувачки искуства да ги сподели на инстаграм и во медиумите. И веројатно направил правилна одлука, затоа што неговите видеа на инстаграм имаат стотици илјади прегледи, а секојдневно ударните локални медиуми во ударните термини пренесуваат интервјуа со него.

Порториканецот кој живеа насекаде низ светот минатата недела тој беше во Македонија, каде ги посети Скопје, Охрид и Битола. Вели дека Македонија има едно од најубавите знамиња во светот, убава архитектура, статуи и највкусна храна. Во разговор за Скопје Инфо тој раскажува за одлуката да патува во овој дел од светот, кој е далеку од неговиот дом, раскажува и за луѓето, импресиите, храната и патувањето.

На самиот почеток вели дека по посета на многу земји насекаде ни светот, пред три месеци решил да патува на Балканот, и секако Македонија била дел од неговата листа, бидејќи често учел и читал неа, нејзината историја и Александар Велики.

„Надвор од историјата не знаев многу за Македонија, додека не сретнав една Македонка која живее во Словенија, таа ми покажа прекрасни видеа од Македонија, кој беа објавени на инстаграм страната на Скопје Инфо, по што донесов крајна одлука да дојдам тука“, вели тој на самиот почеток.

Раскажува дека по самото пристигнување во Скопје, веднаш бил импресиониран од архитектурата и големите статуи, посебно големиот воин – Александар Велики. Како позитивен културен шок ја издвојува другата страна на Вардар и Старата скопска чаршија, и вели дека тоа е убав контраст кој му дава шарм на градот и го прави посебен.

Прошетал во Кањонот Матка, Вевчани и во Охрид, за да види дел од убавата природа.

„Бев навистина изненаден, бидејќи секоја секунда од прошетката бев сведок на нешто прекрасно. Особено, манастирите и црквите кои се навистина импресивни“, додава Луис.

Важен и неизоставен дел од посетите и прошетките низ Македонија е традиционалната македонска храна, а Луис вели дека тој веќе е голем фан на македонската кујна.

„Навистина ја сакам и уживав во македонската храна. Ја сакам македонската ракија и убавите салати, а ајварот, тараторот и макалото би ги вброил во највкусните мезиња во светот“, со многу страст и љубов раскажува тој, додавајќи го гравчето и македонското вино на листата на македонски кулинарски задоволства кои мора да се пробаат.

Еден од најубавите сувенири кои со задоволство ќе ги чува е македонското знаме кое го купил од Вевчани, знаме за кое вели дека е едно од најубавите во светот.

„Знам дека на ова знаме му претходеше „вергината“. Таа е навистина убава и знам дека Македонците ја сакаат. За време на мојата посета во Македонија и моите прошетки, кога ќе сретнев старо или ново македонско знаме, тоа ми даваше чувство на смиреност и ме потсетуваше на најубавите изгрејсонца кои сум ги сретнал некогаш.“, објаснува Луис.

Додека бил во Македонија, Луис сретнал многу луѓе и вели дека „локалците“ се паметни и културни луѓе кои знаат да направат баланс помеѓу работата – живеењето и уживањето во природата и тие покажале почит кон него и му ја дале перспективата за државата, споделиле интересни факти за историјата, што го направило неговото патување незаборавно.

На крајот со нас го сподели патувањето во Вевчани каде разговарал со населението, научил многу за историјата и уживал во убавите Вевчански извори.

„Тоа е место кое остана во мојот ум. Не знаев дека тоа е „држава во држава“, дека имаат сопствен пасош и сопствени пари“, раскажува тој за Вевчани.

На крајот вели дека наскоро на својот инстаграм профил ќе објави видеа од престојот во Македонија. Оттука, заминува за другите дестинации во регионот, но ова место засекогаш ќе остане во неговото срце и неговиот ум и со задоволство ќе го споделува со луѓето во неговото родно место и оние кои ќе ги сретне за време на патувањата низ светот.

Ние се нетрпение чекаме да ја споделиме неговата објава посветена на Скопје и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата бара итно мислење од Венециската комисија…

Владата на денешната седница ја усвои потребата…

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Според локалните медиуми, кривичната постапка под број…

„УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА ЗГАСНАТ?“ –…

„До кога ќе ни се повторуваат трагедии…

Сејф сити“ ќе ја покрие цела Македонија

Министри, директори и црковни лица – никој…

Кина собори економски рекорд: Трговскиот суфицит надмина…

Кинескиот трговски суфицит достигна 1,04 трилиони долари…