Обвинителството го чека списокот на пациенти кои ќе бидат дел од постапката за „Онкологија“
Изборот на тројцата пациенти кои ќе имаат пристап до сознанијата и доказите на обвинителите не е завршен.
Изборот на тројцата пациенти кои ќе имаат пристап до сознанијата и доказите на обвинителите не е завршен, велат од неформалната група која ја поднесе ваквата иницијатива до обвинителството, а тоа експресно ја прифати, најавувајќи дека и вечер во 19 часот повторно ќе бидат пред Обвинителството и ќе протестираат.
Колку време ќе им треба не прецизираат, но дел од групата формирана на „фејсбук“ „Пеперутки“ во која најголем број членуваат пациенти кои се уште водат битка со ракот ја поздравија одлуката на Обвинителството и сметаат дека токму со ова ќе се овозможи истрагите да се водат правично.
-Секако го поздравувам ова. Се бара непристрасност. Јавното обвинителство не знаеме како е, но знаеме каква ни е државава. Пациентите се тие што се непристрасни и ќе учествуваат во целиот процес и ќе видат дали правилно се води истрагата и дали се прават пропусти. Тоа ќе биде показател и ќе се знае што е правено и како е правено. Ние се залагаме за тоа, оние што правеле злоупотреби да одговараат.- Лидија Стефановска – Онколошки пациент
Лидија која сега преку донации од хумани граѓани собира пари за да набави посовремена терапија што во Македонија ја нема, не верува во тврдењата дека само физиолошки расвор им се давал на болни, но раскажува дека низ болничките ходници долго време се зборувало за препродажба на лекови земени од Клиника, а завршувале на црниот пазар.
Во меѓувреме, пак, дел од пациентите преку социјалните мрежи велат дека и сега немаат некои од терапиите на Онкологија, што треба да ги има, како што се таблетите Палбоциклиб. Од Клиниката пак, за Канал 5 велат дека ги има сите потребни лекови за одржување на континуитет на терапиите на веќе започнати пациенти со специфичен третман, но проблем се појавува за вклучување на нови пациенти со дел од лековите на т.н. биолошка терапија, поради ограничените количини на истите. Оттаму ова го објаснуваат со се поголемиот број на дијагностицирани пациенти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА ЗГАСНАТ?“ –…
„До кога ќе ни се повторуваат трагедии…
Сејф сити“ ќе ја покрие цела Македонија
Министри, директори и црковни лица – никој…
Кина собори економски рекорд: Трговскиот суфицит надмина…
Кинескиот трговски суфицит достигна 1,04 трилиони долари…
Американски воени авиони евакуирани од британска база…
Американското воено воздухопловство евакуирало авиони од воена…
Русија: Нема да се согласиме на примирје,…
Русија нема да се согласи на уште…