Силна поддршка од Германија за европскиот пат на Македонија

t

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми, денеска имал средба со Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг, во рамки на неговата посета на земјава.

На средбата, како што информираа од собраниската прес-служба, Адеми информирал за последните случувања во земјата, при што истакнал дека се прават напори да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство за изгласување на измените на Уставот, со цел внесување на бугарската, но и на други заедници во него.

Притоа, тој посочил дека тоа би требало да се направи што поскоро, за да се продолжат преговорите за членство во ЕУ.

– Рот ја ја потврди силната поддршка на Германија за натамошниот напредок на земјава на евро-интеграцискиот пат. Притоа, се согласи дека во моментов потребно е да се изгласаат уставните измени, согласно препораките во Преговарачката рамка, но дека истовремено земјата мора да се посвети на европските реформи во сите области, како и на борбата против корупцијата и организираниот криминал, се наведува во соопштението од Собранието.

На средбата, Адеми и Рот размениле мислења и ставови и за актуелните прашања и состојбите во регионот и пошироко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија досега замрзна руски имот во вредност…

Во Германија досега е замрзнат руски имот…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Шолц: Германија е подготвена да ја поддржи…

Германскиот канцелар Олаф Шолц му честиташе на…

Германија: „Северна Македонија“ има обврска да го…

Северна Македонија има обврска да го почитува…