Отворена канцеларијата на Левица во Струга: Се шири антифашистичката кауза
Политичката партија Левица денеска отвори своја канцеларија во Струга, а присутни на настанот беа лидерот на партијата, Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, генералната секретарка, Јована Мојсоска и локални активисти и членови на партијата.
– Денес, во присуство на претседателот на Левица – Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов и Генералниот секретар Јована Мојсоска, официјално беше отворена канцеларијата во Струга.
Од градот каде е формирана Првата македонска ударна бригада, од градот каде прв пат е испеана македонската химна, од градот кој пружи силен ОТПОР на територијалната победа – беше порачано дека Левица е последниот бастион во одбрана на антифашистичките темели на Републиката.
Мојсоска повтори дека внесот на Бугарите во Уставот под било кои услови е конечно реализирање на идејата на Санстефанска Бугарија и дека Левица е единствена партија која се залага за прекин на преговорите со Бугарија. Од Струга порачавме дека македонскиот народ не само што бил на правилната страна на историјата – туку бил и на ПОБЕДНИЧКАТА страна на историјата!
Постојаниот раст на Партијата е доказ дека народот ја препознава АСНОМ-ската идеологија и бескомпромисноста на Левица.
Ништо не е посилно од ИДЕЈА чие време допрва доаѓа! – напишаа од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…
Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…
По информацијата за само 2 583 студентски…