Германија: Се подготвуваме за одлуката за прием на Украина во ЕУ

t

Украина може „да се потпре на нас и на нашето разбирање за проширувањето на ЕУ како неопходна геополитичка последица на руската војна“, рече Бербок по нејзиното пристигнување, се вели во соопштението.

Украина веќе има кандидатски статус, рече Бербок, додавајќи: „И сега подготвуваме одлука за отворање на пристапните преговори со ЕУ“. Во однос на судските реформи и законот за медиуми, резултатите од реформите во Украина се веќе импресивни, рече таа.

Но, има уште долг пат во спроведувањето на антиолигархискиот закон и борбата против корупцијата, додаде министерката за надворешни работи. Ова ѝ е четврта посета на Киев на германската министерка Бербок од избувнувањето на војната во Украина во февруари 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…