Силен земјотрес долж Јадранскиот брег: Евакуирано училиште во Анкона
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јадранското Море во близина на брегот на Италија. Земјотресот е регистриран во 10.38 часот, а епицентарот бил во морето меѓу Анкона и Пезаро на длабочина од два километри.
Земјотресот го почувствувале жителите на Анкона во италијанската област Марке.
Сеизмичката епизода беше многу кратка, но ја стресе покуќнината во куќите, а се почувствува и на приземјето.
Земјотресот бил почувствуван и во училиштата и здравствените установи, но нема информации за штети или други проблеми.
Италијанските медиуми јавуваат дека е евакуирано основно училиште во Анкона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…