По пауза од дури 18 години, Битола денес ќе гледа елитен ракомет во преполна сала

t

Битолската гордост Еурофарм Пелистер по пауза од 18 години се враќа во елитното натпреварување. Со натпреварот против Колштад, се крева завесата на новата сезона во Лигата на шампионите. Публиката во Битола по долго чекање повторно ќе гледа врвен ракомет во „Боро Чурлевски“.

Александар Јовиќ и Звонко Шундовски добија засилувања по мерка. Против Норвежаните, на битолската публика ќе ѝ се претстават Богдан Радивојевиќ, Калифа Гедбан, Урош Борзаш, Нејц Цехте, Андреас Нилсен и Домен Тајник. Реновиран беше тимот на Еурофарм Пелистер за настапот во елитното друштво. Групата е пеколно тешка, но амбици кај битолчани постојат. Иако сезоната не тргна според планот и тие го загубија дуелот во Суперкупот со Вардар, се очекува воигрување и кревање на формата во следниот период.

На мегдан на пелистерци им доаѓа новиот норвешки гигант. Колштад почна да собира ѕвезди, во тимот пристигна еден од најдобрите на светот Сандер Сагосен. Покрај него, дојдоа и Магнус Род (кој нема да игра во Битола), голманското дуо Рисмарк-Бергеруд, Јоханесен, Ек Ага, Гулеруд… На клупата е прославениот норвешки селектор Кристијан Берге, кој треба да го поведе Колштад до големи нешта.

Освен Колштад, на мегдан во Битола ќе дојдат и гигантите ПСЖ, Кил и Киелце. Исто така во групата се и ниту малку наивните ПИК Сегед и Алборг, како и ППД Загреб. Сепак, мислите на пелистерци се насочени само кон Колштад и првиот натпревар кој е на програмата попладнево во терминот од 18:45 часот.

Извор: gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…

МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…

Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…