Објавено на:

Мароко ја одбива хуманитарната помош од ОН, Алжир и Франција

t

Понудите за хуманитарна помош за Мароко станаа контроверзно прашање – Рабат досега прифаќаше помош од Шпанија, Обединетото Кралство, Катар и Обединетите Арапски Емирати, но ја отфрли онаа на Обединетите нации, соседен Алжир, со која кралството ги прекина дипломатските односи, и Франција, со која веќе неколку месеци односите се заладени.

Мароканската влада соопшти дека досега прифаќала помош од „пријателските земји“ по „темелна проценка на потребите и со свесност дека некоординираната помош би била контрапродуктивна“.

Не објасни зошто ОН  беше принудена да чека конкретен одговор како што поминуваа деновите и се намалуваа шансите да се најдат преживеани.

ОН не добиле официјално барање за помош од мароканската влада, изјави вчера на прес-конференција портпаролот на генералниот секретар Стефан Дужарик.

„Суверена одлука на секоја земја е да одлучи како да продолжи со помошта во зависност од сопствениот капацитет“, рече Дужарик, на прашањето дали ова претпочитање за помош од некои земји во однос на другите е „политичка, а не практична“ одлука.

Во меѓувреме, алжирското Министерство за надворешни работи вчера објави дека Мароко ја одбил нивнта понуда за хуманитарна помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Ако победи Русија, следната секунда не…

Способностите и дострелот на руските балистички ракети…

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне…

Макрон: Ако Киев побара, Франција би размислила…

Доколку руската армија ја пробие линијата на…

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…