Блинкен: Ова е крај на поредокот воспоставен по Студената војна
Подемот на американската геополитичка конкуренција со Русија и Кина го означува крајот на светскиот поредок по Студената војна. Ова го изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен говорејќи на Факултетот за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс, пренесува ТАСС.
„Она со кое се соочуваме сега е повеќе од тест на поредокот по Студената војна. Тоа е неговиот крај“, рече тој. „Децениите на компаративна геополитичка стабилност го отстапија местото на зголемената конкуренција со авторитарните држави, ревизионистичките сили“, додаде Блинкен.
Американскиот државен секретар изјави дека руското спроведување на специјална воена операција во Украина е „најнепосредна, акутна закана за меѓународниот поредок“. „Истовремено, Кина претставува најсериозен предизвик на долг рок, бидејќи не само што се стреми да го промени меѓународниот поредок, туку има и зголемена економска, дипломатска, воена и технолошка моќ да го направи тоа“, додаде тој. „Москва и Пекинг, преку нивното партнерство без граници, сè повеќе соработуваат за да го направат светот побезбедно место за автократии“, тврди Блинкен.
„Така, ние доживуваме, како што вели американскиот претседател Џо Бајден, пресвртна точка. Една ера завршува, друга започнува. А одлуките што ги носиме сега ќе ја обликуваат иднината со децении“, шефот на американскиот оддел за надворешна политика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…