Објавено на:

Ким го поканил Путин да ја посети Северна Кореја

t

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун го покани рускиот претседател Владимир Путин да ја посети Северна Кореја, а рускиот лидер ја прифати поканата, јавува севернокорејската централна телеграфска агенција.
Агенцијата додава и дека двајцата лидери размениле подароци пред приемот организиран во чест на Ким Јонг-Ун.


За време на приемот, лидерот на Северна Кореја изјави дека е подготвен да изгради стабилни долгорочни односи ориентирани кон иднината со рускиот претседател.
Како што се наведува, дочекот поминал во неформална и пријателска атмосфера, „исполнета со топло чувство на братство“.
Во соопштението се наведува дека Ким и Путин разговарале за зајакнување на тактичката и стратешка соработка меѓу двете земји, како и поддршка во заедничката борба против воените закани и провокации.
Лидерот на Северна Кореја во средата се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Ова е негова прва посета на Русија од 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…