Караван со поддржувачи на Роберт Кенеди Јуниор ќе протестира денес пред седиштето на Демократската партија
Денес, поддржувачите на демократскиот претседателски кандидат Роберт Кенеди Јуниор ќе се соберат на протест пред Демократскиот Национален Комитет во Вашингтон, каде членовите и делегатите на партијата ќе гласаат за процесот со номинирање на нивните кандидати за претседател на САД.
Неодамнешното интервју на Кенеди Јуниор за Форбс со Диана Брејди помина со обвинувања до партијата на Демократите дека го поткопуваат демократскиот процес за избор на претседателските кандидати и не дозволуваат фер избори. Според Кенеди, Демократите прават се` што е во нивна моќ да ја направат невозможна шансата за било кој друг кандидат да го предизвика Бајден за номинацијата.
Кенеди предочи дека Демократите селективно го промениле начинот на избор и правилата во Ајова и со тоа ги казниле другите кандидати кои го предизвикуваат Бајден за номинацијата.
Според Кенеди партијата ги контролира супер-делегатите и ја прави трката скоро невозможна за сите останати кандидати на сметка на Џо Бајден, на кого ширум му ја отвораат ширум вратата за уште една номинација без шанси за предизвикувачите. Кенеди истакна дека за да го победи Бајден за номинацијата ќе мора да освои повеќе од 80% од гласовите на обичните делегати, додека Бајден со 20% гласови од обичните делегати и со гласовите на супер-делегатите кои сите му се наклонети само нему, би ја добил номинацијата за претседател. Со ваквиот начин на избор според Кенеди демократските принципи во партијата се тотално нарушени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Протестен марш на семејствата на загинатите денеска…
Во сабота, 25 април со почеток од…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Обвинителството во Приштина започна истрага заради техничките…
Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската…