ЦУК: Три ЕР-трактори го гасат пожарот во Општина Долнени
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира за пожар којшто денеска попладне избувнал покрај железничката пруга кај местото Ореше, Општина Чашка, и којшто и покрај напорите за гаснење е сеуште критичен и доста активен, а поради засилениот ветер се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени.
-Во 12:38 часот, во Центарот за управување со кризи, добиена е пријава за пожар на сува трева покрај железничката пруга кај м.в.Ореше, Општина Чашка. За кратко време, поради силен и променлив ветар, пожарот се прошири во дабовата и габеровата шума, помеѓу селата Ореше и Богомила. Поради пожарот, до околу 17 часот, во прекин беше и железничкиот сообраќај. На интервенција на пожарот излегоа ЈП Национални шуми – подружница „Бабуна“ – Велес, како и лица од месно население, соопшти ЦУК.
Од ЦУК велат дека поради брзото ширење на пожарот и неможноста да се стави под контрола од силите кои интервенирале, во 14:36 часот, подигнати во воздух како воздушна подршка на силите кои го гаснат пожарот од земја се трите ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и тие дејствувале два пати.
Според известувањето од одговорното лице на терен, пожарот е сеуште критичен и доста активен, а поради засилениот ветер се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени, посочуваат од Центарот за управување со кризи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…
„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…
Нов бран закани за поставени експлозивни направи…
ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…
Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…