ЕУ покрена истрага за увоз на електрични автомобили од Кина

t

Глобалните пазари денеска се преплавени со поевтини електрични автомобили, а нивната цена вештачки се одржува на ниско ниво благодарение на дарежливите владини субвенции, изјави вчера претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во годишниот говор за состојбата на Унијата.

Комисијата има рок до 13 месеци да процени дали ќе воведе давачки повисоки од стандардните десет проценти за автомобилите. Истрагата опфаќа автомобили на батерии произведени во Кина, што значи дека вклучува и брендови како Tesla, Renault и BMW. Европската комисија самата ја започнува истрагата, иако постапката обично започнува со жалба на производителот.

Кинеската стопанска комора при ЕУ изрази загриженост и противење на покренувањето на истрагата, тврдејќи дека конкурентската предност на кинеските компании не почива на субвенциите. Тие, исто така, ја повикаа Комисијата да биде објективна во анализата на електричните возила од Кина.

Комисијата објави дека кинескиот удел на електрични возила што се продаваат во Европа се искачи на осум отсто и може да достигне 15 отсто во 2025 година, истакнувајќи дека нивните цени обично се 20 отсто пониски од моделите произведени во ЕУ. Популарните модели ги вклучуваат SAIC MG и Volvo на Geely.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…

Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…

Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…