Се јави Хан: Партиските интереси да се остават на страна

t

Знам дека добри ви оди, дека добро се одвива скринигнот, но би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата – соработувајте, ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Заедно да работите е потребно, инаку нема да бидете успешни, подвлече еврокомесарот.

Македонија денес е на одличен пат кон ЕУ. Но, би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата – соработувајте. Ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Треба заедно да работите, инаку нема да бидете успешни, порача денеска еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.

Во воведното обраќање на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ), Хан изрази уверување дека Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ. Тој повтори дека евроинтеграцијата и натаму останува процес базиран на заслуги.

Хан рече и дека не треба да се носат избрзани законски решенија, како и дека владеењето на правото мора да се почитува.

– Можам само да потврдам дека овој процес останува процес базиран на заслуги. Не е дека чекаме најслабите или најуназадените кандидати да го фатат чекорот со останатите. Не. Ако сте ги оствариле нештата кои треба да ги остварите, заслугата ќе ви биде дадена. Јас ќе останам ваш постојан бранител и промотор, ќе правам се што е потребно во иднина. Важно е главните политички сили да работат заедно на конечната цел на Македонија. Ова е нешто што морате да го ставите настрана – партиските, политичките интереси. Ова можете да го разговарате за многу различни прашања, но ова е национално прашање, ова е главното прашање во кое мора да ги вложите сите ваши заложби, сите сили во Собранието за да ги постигнете вашите цели. Ако тоа го постигнете, можете навреме да го постигнете тоа што е потребно – потенцира Хан.

Од членството во ЕУ, дополни, придобивки ќе имаат сите, и економски и општествени.

– Треба да сфатиме сите дека мора да им служиме на граѓаните, тие имаат право на тоа. Мислам дека на крај ќе бидеме успешни, можеби побрзо отколку што очекуваат многу луѓе. Ајде да го зграпчиме моментот и да работиме заедно. Јас сум уверен дека на крај, Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ. Знам дека добри ви оди, дека добро се одвива скринигнот, но би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата – соработувајте, ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Заедно да работите е потребно, инаку нема да бидете успешни – подвлече еврокомесарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Јас сум единствен кој се бори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Амбасадорите на ЕУ се согласија да забранат…

Амбасадорите на Европската унија се согласија да…

Евидентиран трговски дефицит од 29 милијарди евра…

Во 2023 година, вкупната вредност на трговијата…