Видео: Анонимна група запали 10 Tesla автомобили во Германија
Овој инцидент доаѓа откако претходно неделава беа оштетени 5 автомобили на Tesla. Се чини дека станува збор за намерно подметнат пожар од страна на анонимна група која го смета Tesla за „еден од нејзините најистакнати непријатели“.
Пожарникарите од Франкфурт добиле дојава за пожар на паркинг на улицата „Ваехестербахер“ во вторникот наутро во 3 часот и 20 минути, а додека пристигнале, пожарот се проширил на неколку автомобили. На местото на настанот пристигнале 5 противпожарни возила, а блиската пруга била затворена во период од 30 минути.
Околу 4:30 часот пожарот бил изгаснат, но дел од противпожарната единица останала да ја следи состојбата поради опасност од палење на батериите. Во извештајот на пожарникарите не е наведено дали во пожарот биле зафатени батериите.
Малку подоцна истиот ден, на платформата Indymedia се појави писмо наречено „Teslas flambe“, во кое групата ја презема одговорноста за пожарот, наведувајќи го Tesla како „најистакнат непријател“. Во писмото се истакнува дека „многубројни корпорации ги покажаа своите сјајни автомобили и си честитаа еден на друг за нивниот економски успех во нивните климатизирани конференциски сали“, а сето тоа додека „животите на многумина се уништени“ од шумските пожари во Португалија и Мауи, како поради поплавите во Словенија и Австрија.
На истата платформа која Федералната канцеларија за заштита на Уставот ја смета за главен медиум на германската левичарска екстремистичка сцена, групата објави уште едно писмо во кое ја презема одговорноста за дупнувањето на гумите на 51 Porsche паркирани во Берлин во знак на протест против германскиот производител.
Полицијата проценува дека од пожарот е направена штета од 500.000 евра, а истрагата е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само 265 лица од Македонија со бугарски…
Многу слаб интерес владее во Македонија за…
Новинарка на N1 спречена да влезе во…
Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…
Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…
Израел се соочува со егзистенцијална закана од…